Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека говорот на конвенцијата на републиканците на кој треба да се потврди како кандидат за претседателските избори може да се одржи во живо од Белата куќа.
– Размислуваме како да го направиме тоа од Белата куќа, изјави тој за Фокс њуз.
– Тоа е наједноставното решение и далеку најевтино за земјата. Веројатно ќе одржам говор во живо од Белата куќа.
Тој додаде дека се уште не е тоа конечна одлука.
Ширењето на коронавирусот во САД ги попречи плановите на Републиканската партија за конвенцијата првично да се одржи во Шарлот, Северна Каролина.
Трамп веќе префрли дел од конвенцијата од Северна Каролина на Флорида, поради ограничувања на собирите поради вирусот, но растот на случаите во Флорида, исто така, предизвика републиканци да се откажат од митингот.
Минатиот месец Трамп изјави дека нема да одржи конвенција во Џексонвил, Флорида, поради зголемениот број случаи на коронавирус во таа американска држава.