Американскиот претседател Барак Обама ја номинираше денеска милијардерката од Чикаго Пени Прицкер за министер за трговија. За време на номинацијата Обама изјави дека Прицкер е една од најистакнатите лидери во бизнис заедницата во САД.
Прицкер, која е стар пријател на претседателот, е една од најбогатите жени во САД, нејзиниот имот се проценува на 1,85 милијарди долари. Таа собра стотици илјади долари за предизборните кампањи на Обама. Доколку кандидатурата и биде одобрена од Сенатот, Прицкер ќе ја замени Ребека Бланк, како министер за трговија и ќе стане четвртата жена во Владата на Обама и најбогатиот член
на неговиот кабинет.
Обама исто така го номинираше својот советникот Мајкл Фроман за трговски претставник на САД, изјавуваќи дека тој е еден од водечките експерти во областа на светската економија.