Гувернерот на Бејрут Марван Абуд давајќи изјава за медиумите, по стравотната експлозија, не може да ги запре солзите, споредувајќи ја силината на експлозијата со атомската бомба во Хирошима и Нагасаки.
Beirut governor is literally crying while talking about the explosions, who likens them to Nagasaki and Hiroshima attacks pic.twitter.com/YPHqd1Sq2d
— Ragıp Soylu (@ragipsoylu) August 4, 2020
Тој ги предупреди граѓаните да останат дома, бидејќи се можни кисели нитратни дождови, со оглед на тоа што експлодирале речиси 3 тони нитрати.
Во либанските медиуми се шпекулира дека јачината на експлозијата била 5,4 килотони.
Засега е познато дека во експлозијата во Бејрут има 10 починати, а над 500 луѓе се повредени. Стравотни се снимките и фотографиите од повредените лица, на некои од нив им недостигаат делови од телото, а на местото на настанот можат да се видат изгорени тела.
Директорот на либанскиот Црвен Крст, Жорж Кетанех изјави дека се уште не е познат точниот број на повредени, бидејќи голем број на луѓе се под урнатините на куќите.
Според либанската државна новинска агенција ННА, експлозијата се случила во градското пристаниште, каде што се сместени магацини со експлозив.
Според неименувани безбедносни извори експлозијата се случила во магацин за хемиски супстанци.
Претходно пак, дел од локалните медиуми објавија дека инцидентот се случил каде се сместени магацините за пиротехника.