Книга за велигденско јајце во општина Илинден

Од:

Во седмата манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце-симбол на Христовото Воскресение“ што ја организира општина Илинден годинава се обезбедени 5.000 книги.

– Подарените книги се наменети за првата „Општинска библиотека Илинден“, со што ќе се збогати библиотечниот фонд со нови содржини кои ќе ги надградуваат знаењата на студентите и учениците, информира општина Илинден.

По повод големиот христијански празник Воскресение Христово-Велигден во Домот на култура „Илинден“ беа изложени 2.013 украсени велигденски јајца што се даруваа на секој посетител што подари книга.

ilinden-veligden-jajca1

Книги годинава подарија голем број граѓани, ученици од основните училишта, повеќе издавачки куќи, преставници од бизнис секторот, повеќе општини, научни институции и факултети.

ilinden-veligden-jajca2

Досега во манифестацијата „Подарете книга за Велигденско јајце-симбол на Христовото Воскресение“ вкупно се собрани над 23.000 книги кои ги збогатија училишните библиотеки во основните училишта „Гоце Делчев“, „Ристо Крле“ и „Браќа Миладиновци“, а сега и првата „Општинска библиотека Илинден“.

Би можело да ве интересира

Кавадарчанки се затруле со бајати велгиднески јајца

Катерина Ѓуровски

Велигден во „Шутка“ – затворениците го прославија празникот

Православните верници го слават Велигден

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Велика Сабота – денот меѓу смртта и воскресението

Велигденско послание на г.г. Стефан: Со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост