Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 0,50 % во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 27.07.2020 година.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 денар/литар и ќе изнесува 52,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денар/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 62,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,00
денар/литар и ќе изнесува 52,00 ден/лит., информираат од РКЕ. Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,351 ден/кг и од вечерва на полноќ ќе изнесува 25,709 ден/кг.
Во изминатиот седумдневен период референтните цени на бензинот на светскиот пазар бележат
намалување за 3,404%, на дизелот за 2,411% и на екстра лесното масло за 2,387%, додека кај
мазутот има зголемување за 0,361%. Во истиот период, курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 1,859%, велат од РКЕ во образложението на одлуката.