Внуката на Трамп во книга открива што има тој против Меркел: „Доналд не се снаоѓа со силни жени“

Од:

Во сега веќе познатата книга „Премногу и никогаш доволно – како моите роднини го создадоа најопасниот човек на светот“, внуката на американскиот претседател Доналд Трамп, Мери Трамп, жестоко се пресметува со својот чичко.

Меѓу останатото, таа открива дека во основата на проблематичниот однос спрема германската канцеларка Ангела Меркел е што таа е поинтелигентна од него.

„На интелектуален план таа жена би го победила со голема леснотија. Мислам дека тоа не може да го поднесе, го излудува“, изјавила Мери Трамп пред објавувањето на книгата во Германија.

Втората причина, тврди таа, е што Меркел е силна жена.

„Доналд не се снаоѓа со силни жени“.

Мери Трамп вели дека ја објавила книгата со цел да им пружи на американските граѓани важни информации во пресрет на претстојните избори на есен – информации кои не им биле достапни за време на изборите во 2016 година.

Книгата на Мери Трамп беше објавена на 14 јули, и покрај обидите на Белата Куќа да го спречи тоа.

Мери Трамп, која инаку е клинички психолог, во книгата наведува дека однесувањето на Трамп е „закана за светското здравје, економската безбедност и општеството“, и е наследено од детството.

Би можело да ве интересира

Трамп: Војната меѓу Русија и Украина мора да престане

А1он

Трамп го назначи конгресменот Мајк Волц за советник за национална безбедност

А1он

И Вучиќ се слушна со Трамп: Одличен разговор, најголема поддршка имаше од Србија

Предраг Петровиќ

Трамп Јуниор му се потсмева на Зеленски: „Уште 38 дена до губење на џепарлакот“

Предраг Петровиќ

Трамп победи и во Аризона, ги освои сите седум клучни држави

Предраг Петровиќ

По победата на Трамп, многу очајни Американци истражуваат како да се преселат во странство

Предраг Петровиќ