Потрагата по малолетникот кој исчезна во водите на Преспанското езеро е привремено прекината поради временските услови, но рано изутрина продолжува се до пронаоѓање на момчето, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи.
Како што соопшти претходно МВР, во Полициска станица Ресен вчера во 18:18 часот од Итната медицинска помош било пријавено дека во туристичката населба „Претор“, во водите на Преспанското езеро исчезнал 16-годишен малолетник од Ресен.
Тој со неговите двајца другари бил на педалинка, која се превртела педалинка во водите на езерото.
Двајцата другари на момчето успеале да се извлечат од под педалинката, а 16-годишниот И.М не успеал да исплива на површината.
Надлежните служби веќе 24 часа преземаат мерки за негово пронаоѓање.