Руската вакцина против Ковид-19 создала имунитет кај волонтерите без нуспојави

Од:

Завршните лекарски прегледи на волонтерите кои учествувале во клиничките испитувања на вакцината против Ковид-19 покажале присуство на имунитет и отсуство на нуспојави, објави денеска руското Министерство за одбрана.

Резултатите од студијата покажале дека сите волонтери имаат јасен имунолошки одговор како резултат на вакцинација, се наведува во соопштението кое го цитира Танјуг.

Нема нуспојави ниту се регистрирани неправилности во телесните функции на волонтерите, соопшти Министерството.

Конечниот лекарски преглед бил извршен денеска во Главната воена клиничка болница Бурденко.

Руското Министерство за одбрана истакна дека сите фази од развојот и тестирањето на вакцините биле во целосна согласност со протоколот за клиничко испитување.

Волонтерите се вратиле во болницата 42 дена после вакцинацијата и поминале сеопфатен медицински преглед, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија