Пласидо Доминго ќе пее на отворањето театар во Санкт Петербург кој чинеше повеќе од 700 милиони долари

Од:

Претседателот на Русија Владимир Путин ќе предводи 2.000 одбрани гости кои вечерва ќе присуствуваат на свеченоста на отворањето на втората сцена на театарот Марински во Санкт Петербург, чија 10-годишна изградба чинеше повеќе од 700 милиони долари.

Како ѕвезда на вечерашниот концерт најавен е познатиот шпански тенор Пласидо Доминго, а ќе настапат и Ана Нетребко, Улијана Лопаткина, Дајана Вишњева и други лица од руската опера и балет.

Новата зграда на театарот изградена во непосредна близина на театарот Марински од 19 век, ја проектираа францускиот архитект Доминик Перо и Канаѓанецот Џек Дајмонд, додека шеф на проектот е Валериј Георгиев, кој се смета за најмаркантен диригент во светот.

Голем број угледни културни работници меѓукои и директорот на познатиот Музеј Ермитраж, Михаил Пјотровски го оценија изгледот на новата зграда како „целосно архитектонско промашување“ бидејќи со модерниот стил во целост не се вклопува со класичните градби на царскиот град.

Градски одборник побара дури и уривање на зградата. Оркестарот под водство на познатиот диригент ќе ја исполни Петтата симфонија на Густав Малер додека за време на целовечерната програма ќе настапи и познатиот виолинист и виолист Јуриј Башмент.

Новиот театар е еден од проектите што треба да ги покажат достигнувања на денешна Русија напоредно со организирањето на Зимските ОИ во Сочи идната година. Изградбата на зградата на театарот ја следеа различни проблеми, меѓукои и недостигот од пари бидејќи планираниот буџет одамна беше пробиен. За време на градењето беа променети три изведувачи на работи, имаше незадоволство на балетскиот ансамбл заради ниските плати и лошите услови за работа додека внатрешноста на театарот е украсувана со златни детали. Уметничкиот директор на таа установа Сергеј Филин за малкуќе ослепеше откако се најде на удар на напаѓач (незадоволно лице од ансамблот) со сулфурна киселина му фрли в лице.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Премиера на комедијата „Жени во црвено“ во Македонија