Група Сиријци нападнале турски граничари, запалиле стражарски куќарки иу отвориле оган во насока на Турција, по што влегле во земјата.
Во инцидентот се ранети неколку лица, изјави градоначалникот на градот Акчакале, Амдулхаким Ајкан. Тој прецизираше дека тројца полициски службеници, двајца војници и двајца цивили се ранети од истрелите, кои дошле од другата страна на границата.
Ајхан истакна дека на Сиријците им бил забранет влез во Турција, бидејќи шверцувале стока.