Американското списание „Форин полиси“, кое излегува на секои два месеци, изработи листа на 500 навлијателни луѓе во светот, меѓукои се најдоа моќни монарси, политичари, шефови на безбедносни служби, верски лидери, директори, уредници, банкари и други богаташи.
На листата се посместени американски претседателски парови, сегашниот Барак и Мишел Обама и поранешниот Бил и Хилари Клинтон, која донеодамна беше државен секретар.
Меѓу 500-те навлијателни личности во светот се и претседателот на Русија Владимир Путин, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, како и тибетанскиот духовен лидер Далај Лама, генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ку-мун, градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг, но и директори на безбедносни агенции, на американската ЦИА Џон Бренан и на руската ФСБ Александар Ботникоф.
На листата на најмоќните е и претседателот на Франција, Франсоа Оланд, турскиот претседател Абдула Ѓул, градоначалниците на Токио и Осака Наоки Иносе и Тору Хашимото, како и претседателот на Авганистан Хамид Карзаи и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ил.
Најмоќна светска марка е „Кока кола“, чии прозводи се конзумираат во повеќе од 200 држави, а на листата најголеми компании е и „Епл“, а меѓу највлијателните во виртуелната сфера се „Фејсбук“, „Гугл“, „Јутјуб“, „Википедија“ и „Јаху“.
Продот на листата, на која донеодамна доминираат западни богаташи направија и милијардери од истокот, а најмногу од Индија и Кина, со веќе традиционално богатите шеици „нафташи“ од Азија.