Русите тврдат дека вакцините ќе бидат ефикасни и безбедни, ќе треба да се примат две дози за 3 недели

Од:

Од рускиот Институт за јавно здравје тврдат дека небезбедна вакцина против Ковид-19 никогаш не би се појавила на пазарот. Директорката на институтот, Ана Попова, изјави дека е уверена во ефикасноста и безбедноста на вакцината против коронавирусот која моментално се развива во Русија.

„Немам сомнеж дека вакцината која ќе стигне до луѓето ќе биде апсолутно сигурна и ефикасна“, изјави таа за телевизија „Русија 1“, додавајќи дека на рускиот пазар никогаш не постоела вакцина чија безбедност би можела да се доведе во прашање.

„Многу внимаваме кога станува збор за квалитетот на вакцината и тоа строго го контролираме“, изјави таа.

Сепак, таа вели дека ниту една компанија која ја развива вакцината нема комплетно знаење за одржливоста и трајноста на имунитетот на новиот коронавирус.

Протоколот за вакцините развиени во Русија предвидува две вакцинации во рок од три недели.

Клиничкото тестирање на вакцината на рускиот Истражувачки центар „Гамалеј“ е завршено. Другата вакцина што ја развива Центарот за истражување вирологија и биотехнологија „Вектор“ е во фаза на клиничко тестирање.

Масовната вакцинација против коронавирусот е предвидена за почетокот на октомври.

Би можело да ве интересира

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте