Манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце“

Од:

Традиционалната седма по ред манифестација насловена „Подарете книга за Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение“ ќе се одржи денеска во Домот на културата „Илинден“ во општина Илинден.

Од општината информираат дека манифестацијата ги опфаќа образованието, културата, уметноста, традицијата и религијата.

По повод големиот христијански празник Воскресение Христово-Велигден во Домот на културата „Илинден“ ќе бидат изложени 2013 украсени велигденски јајца кои ќе бидат поделени на секој посетител што ќе подари книга.

ilinden-veligden2

Подарените книги ќе бидат наменети за првата „Општинска библиотека Илинден“, со што ќе го збогатат библиотечниот фонд со нови содржини кои ќе ги надградуваат знаењата на студентите и учениците во општина Илинден.

Во изминатите шест години со организирање вакви манифестации се собрани над 18.000 книги кои ги збогатија училишните библиотеки во основните училишта „Гоце Делчев“, „Ристо Крле“ и „Браќа Миладиновци“ во општина Илинден.

Би можело да ве интересира

Кавадарчанки се затруле со бајати велгиднески јајца

Катерина Ѓуровски

Велигден во „Шутка“ – затворениците го прославија празникот

Православните верници го слават Велигден

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Велика Сабота – денот меѓу смртта и воскресението

Велигденско послание на г.г. Стефан: Со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост