Турција прави анализи на крв на пациенти од Сирија, кои пред два дена се префрлени преку границата со цел да утврди дали биле жртви на хемиски напад, соопштија турските официјални лица.
Примероци крв се испратени во Институтот за форензичка медицина, откако неколку хоспитализирани Сиријци во болницата во градот Рејханли во провинцијата Хатај, долж сиријската граница, имаа проблеми со дишењето.
-Ги преземаме сите неопходни мерки , откако ја добивме непотврдената информација за употреба на хемиско оружје – изјави градоначалникот на Рејханли, Хусеин Санверди, за агенцијата „Ројтерс“.
Според американскиот претседател Барак Обама, постојат докази за употреба на хемиско оружје во текот на двегодишната војна во Сирија, но се уште е непознато, кој, кога и како го употребил.
Вашингтон во повеќе наврати наведе дека употребата на хемиско оружје во Сирија го смета за„црвена линија“, но дека е претпазлив поради лажните податоци, кои ја оправдаа војната во Ирак 2003 година и дека му е потребен доказ пред преземање на каква било акција.
Елена Георгиевска