Наезда од мушички и во Скопје

Од:

Наезда од мушички синоќа имаше и во Скопје, особено во парковите и покрај реката Вардар. Најбројни беа во населбите во општина Аеродром и во централното градско подрачје.

Истата појава вчера во вечерните часови била забележана и во Сараево и во други градови на Босна и Херцеговина. Според извештаите, до инвазијата на инсектите дошло во сараевските населби Добриња и Грбавица.

Локалните медиуми пренесуваат дека мушичките биле присутни во толку голем број што луѓето помислиле дека во Сараево паѓа снег, а граѓаните буквално бегале пред наездата на мушички.

Инвазијата на мушички се случи и во српскиот град Краљево во понеделникот. Мушичките го прекрија целиот град и предизвикаа паника кај граѓаните. Слични феномени се случија пред три години во Ниш и во Белград.

Според експертите, станува збор за појава предизвикана од влагата и високите температури. Тие посочуваат дека се работи за мушички кои не касаат, но на граѓаните им предизвикуваат проблеми бидејќи им влегуваат во очи, нос и уста.

Станува збор за природен феномен бидејќи во ист момент излегле три до четири генерации мушички, a pредаторите, птиците и лилјаци не успеале да воспостават рамнотежа.

Би можело да ве интересира

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Пожарот во Кисела Вода е ставен под контрола, повреден пожарникар

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во Кисела Вода, чад се гледа од повеќе делови на Скопје

Катерина Ѓуровски

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба

Ѓорѓиевски: Со навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје

Предраг Петровиќ

ВЛЕН: Пропадна обидот автопатот Скопје – Блаце да служи за приватни интереси