Лекарите во обид да ги спасат тешко повредените деца

Од:

Се уште е критична состојбата на трите момчиња кои настрадаа при превртување на трактор кај кочанското село Оризари. Утринава лекарите од Клиничкиот центар информираа дека две од децата се уште се во кома и дека животот им е во опасност, додека третото дете кое има напукнат череп давало знаци на будење.

Освен тројцата малолетници во критична состојба е и една жена. Хоспитализирани се вкупно 11 лица, а во текот на ноќта се сместени на клиниката Карил, петмина на Неврохирургија и две деца на Детската клиника кои со во стабилна состојба.

Утринските информации за здравјето на повредените не се разликуваат од синоќешните кога беа пренесени во болница. Претходно две лица починаа, возачот на тракторот и една жена која се превезувала во приколицата, каде што биле сите кои настрадаа.
Тракторот се враќал од излет и излетал од патот и се превртел. Цела ноќ низ болниците во Скопје имаше роднини на повредените, а лекарите се мобилизираа со тимови кои се повикаа од дома, со оглед на празникот.

Во посета на повредените дојдоа премиерот Груевски и министерот Тодоров кој изјави дека ситуацијата се следи и дека е преземаат сите неопходни мерки да им се помогне на повредените. На терен, на местото на несреќата, се истражуваат причините зошто трактористот изгубил контрола.

Првичните информации од очевидците зборуваат дека возачот додека возел по надолнина му изгасил тракторот и не можел да ја намали брзината. Луѓето од приколицата излетале и се превртувале по карпест терен и затоа имаат повреди на главите предизвикани од камењата во кои удирале.

Инаку повредените се од неколку села во околината на Оризари. Жителите се во шок. Утринава главна тема им е сообраќајката и цело утро го посетуваат местото каде што се уште стои превртениот трактор.

ФОТО: МИА

Би можело да ве интересира

Обвинителство: Во несреќата кај Штип загинаa тројца работници, двајца од Бангладеш и еден од Непал

Горан Наумовски

Тројца работници загинаа, а двајца се тешко повредени во сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш

Горан Наумовски

Несреќа на патот Штип-Радовиш, има починати и повредени

Горан Наумовски

Во сообраќајка во Луксембург загинаа тројца државјани на Косово

„Мерцедес“ излета од патот кај Облешево, загина возач

Горан Наумовски

Еден загина, тројца тешко повредени во сообраќајка кај Градско

Горан Наумовски