Честитка од претседателот Пендаровски по повод муслиманскиот празник Курбан бајрам

Од:

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, упати честитка до в.д. поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху и до сите граѓани од исламска вероисповед во Република Северна Македонија.

Во честитката Пендаровски посакува овој голем празник да донесе среќа, радост, љубов и бериќет, и како празник на дарувањето и на солидарноста, вели, да нè инспирира да им помагаме на сите оние на кои им е потребна материјална, но и духовна поткрепа.

– Милосрдието и човекољубието нека бидат дел од нашите животи не само за празничните денови, туку и низ целата година. Да продолжиме искрено и суштински да споделуваме со нашето семејство, со нашите пријатели и со целата заедница, стои во честитката од Пендаровски.

Денес кога целата човечка цивилизација е соочена со пандемијата со Ковид-19, се подвлекува, како никогаш досега мораме да покажеме заедништво и слога и сплотени да излеземе како победници. Изразува верување дека токму со силата на молитвата и со љубовта ќе ги надминеме сите предизвици со кои се соочуваме на личен и колективен план.

– Во согласност со традициите на заемно почитување и уважување, да се грижиме и да помагаме безусловно на сите наши сограѓани не водејќи сметка за етничката, религиозната или идеолошката припадност. Да продолжиме да го градиме и да го чуваме нашиот заеднички дом, Република Северна Македонија, се наведува во честитката од претседателот Пендаровски, кој упатува најискрени желби за добро здравје, радост и благосостојба.

Би можело да ве интересира

Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан Бајрам

Ана Ололовска

Честитка од Џафери по повод Курбан бајрам

Ана Ололовска

Ахмети: Честит Курбан барјам, почитувајте ги препораките

Ана Ололовска

Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан бајрам

Ана Ололовска

АХВ пред Курбан Бајрам апелира да не се купува месо на диви пазари

Жарко Настоски

Два и пол милиони верници на аџилак во Саудиска Арабија