Обвинителен предлог против главен и одговорен уредник на интернет портал за издавање службена тајна

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за продолжено кривично дело – Оддавање службена тајна, информираат од ОЈО Скопје.

Во текот на првата половина на јули, како што информираат од скопското обвинтелство, обвиниетиот како главен и одговорен уредник на интернет портал, направил достапни на јавноста податоци од Управата за безбедност и контраразузнавање, сегашна Агенција за национална безбедност, до кои дошол на противправен начин. Според внатрешните прописи на Агенцијата, објавените информации се класифицирани како службена тајна чие откривање има или може да има штетни последици за Агенцијата за национална безбедност.

– На 9 јули на интернет порталот и на Фејсбук страницата на тој интернет портал, обвинетиот објавил текст со наслов: „Скандалозни документи од Управата за безбедност и контраразунавање: Синот отстранет од Агенцијата за национална безбедност, затоа што таткото протестирал против промена на името“. На 12 јули, пак, на интернет порталот тој објавил текст со наслов: „(Видео) Христовски: Мојот син е жртва, исклучен од Агенцијата за национална безбедност затоа што УБК ме следела како терорист“. Во двата текста обвинетиот на јавноста и сторил достапни копии од документи од Управата за безбедност и контраразузнавање – акти од оперативна проверка на лице, кои претставуваат класифицирани информации, велат од скопското обвинителство.

Би можело да ве интересира

Попладнево се вршат претреси на повеќе локации поради сомнежи за корупција

Предраг Петровиќ

После четири години истрага, поднесено е обвинение за несреќа каде загина работник во сепарација на Вардар

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за директорот на „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми и неговиот помошник Аки Саити

Приведени се двајца од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина и природата со отпад

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрагата за 12 лица осомничени за лихварство и перење пари

Турски државјани осомничени за помагање на странци при незаконит престој во државава