Фич ги намали можностите за девизно задолжување на Јапонија на „негативни“

Од:

Рејтинг агенцијата Фич ги ревидираше денеска можностите за долгорочно задолжување на Јапонија во странска валута од „стабилни“ на „негативни“, наведувајќи во образложението остар пад на домашната економија како последица на коронавирусот.

– Пандемијата на коронавирусот предизвика силен пад на јапонската економија, иако земјата на почетокот имаше успех во спречување на заразата, соопшти Фич.

Агенцијата ја потврди оценката на кредитниот рејтинг на Јапонија на „А“.

Се предвидува дека јапонската економија во вториот квартал ќе забележи голем пад, бидејќи здравствената криза ја погоди глобалната побарувачка, а вонредната состојба во земјата од средината на април до крајот на мај ги забави потрошувачките и деловните активности.

Иако Владата во Токио ги укина вонредните мерки, неодамнешниот раст на бројот на новозаразени лица би можело да изврши нов притисок врз економијата.

Фич проценува дека третата по големина светска економија во 2020 година ќе се намали за пет отсто, а следната година ќе забележи закрепнување за 3,2 процента.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови