Кулата „Шард“ во Лондон, висока е 310 метри и чека отворање. Ова е највисока градба во Европската унија.
Зграда вечерва че биде отворена со спектакуларен огномет, а како што вели архитектот Рензо Пиано, во неа може да се смести еден мал град.
Кулата има 11.000 прозори. Во неа ќе има и ресторани и галерија и станови, па дури и хотел.
Планирано е на 26 ката да бидат сместени и канцеларии , кои поради кризата на пазарот со недвижности се уште ги чекаат сопствениците, јави Ројтерс.
Изградбата ја финансираше богато катарско семејство.