Првомајски протести во Тирана

Од:

Во Тирана денеска се одржани неколку протести по повод Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај. Конфедерацијата на синдикатите организираше протест на плоштадот „Непознат војник“, каде беше ветено дека ќе се бори против искористувањето на правата на работниците.

Претседателот на Конфедерацијата на синдикатите, Кол Никола упати апел за обединување со цел да се заштитат правата.

– Партиите на врата ни чукаат само кога им требаат гласови. Трудот на жените работнички, конфекционерки се искористува. Да бидеме обединети против искористувањето на нашиот труд, порача Никола.

Претставниците на синдикатот зборуваа и за тешките услови со кои денес се соочуваат работниците. Според нив албанските граѓани денес добиваат мали плати а дополнително им се загрозени и животите на работните места.

За време на протестот беа извикувани пароли „Да живее Први Мај“, „Долукапитализмот“, а во раце учесниците држеа транспаренти „Слобода на работникот, општествена слобода“, „Да живее комунистичката партија“.

И Комунистичката партија организираше протест на улицата „Драч“ при што учесниците се задржаа пред зградата на Театарот и операта, држејќи пароли посветени на Први мај.

Исто така протест организираше и движењето „Доста“ („Мјафт“) чии активисти протестираа на плоштадот „Скендербег“.

Организирани беа и други собири, но кај сите е забележано мало присуство, освен на протестот на синдикатите, поради фактот што во Албанија традиција е 1 Мај да се празнува со излет, главно на крајбрежјето.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек