Монодрамата „Дневникот на лудиот“ вечер на отворено во Театар Куманово

Од:

Монодрамата „Дневникот на лудиот“ со Бобан Алексоски, а во режија на Ѓорѓи Ризески ќе биде изведена вечер, со почеток во 21:00 часот, во дворот на Театар Куманово.

Влезот ќе биде слободен, со ограничен број на места. Посетителите ќе мора да ги запазат сите здравствени протоколи и мерки.

– Претставата имаше неколку успешни изведби во целата држава и ги покануваме кумановци да дојдат и да ја проследат, изјави директорот на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, Сашо Тодоровски.

„Дневникот на лудиот“ e провокативен текст, кој иако напишан во 1835 година сè уште е актуелен.

Монодрамата зборува за оттуѓеноста, за снаоѓањето или неснаоѓањето на човекот во денешново модерно време. Време во кое емоциите се потиснати, а човекот е оставен сам да се снаоѓа и да се носи со сите предизвици.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“