Гласините за мојот пад засега се малку преувеличани, изјави вчера американскиот претседател Барак Обама, парафразирајќи го Марк Твен, за да ги отфрли тврдењата дека во неговиот втор мандат претрпува пораз по пораз.
– Зарем е подобро да си ги соберам куферите и да си заминав дома? По ѓаволите, одговори претседателот на прашањето на прес-конференција за тоа дали ќе продолжи да се обидува да ги турка своите програми во Конгресот, каде републиканците ги блокираат неговите иницијативи.
Откако Обама го почна вториот претседателски мандат на 20 јануари, важни законски проекти на Владата беа отфрлени во Претставничкиот дом, каде мнозинство имаат републиканците.
Меѓу нив се иницијативите за компримис за буџетот и за законските реформи за огнено оружје.
Обама истакна дека економијата добива во сила.
– Ќе се справам подобро со ситуацијата, доколку имаме поголема соработка во Конгресот, рече Обама.