Најмалку четири лица загинаа, а 12 се повредени денеска во експлозија на автомобил-бомба во Хусанија, претежно шиитско предградие на Багдад, соопштија ирачките власти.
Двајца полицајци изјавија дека автомобилот-бомба, кој бил паркиран во Хусанија експлодирал рано изутринава и оти при тоа загинале четворица цивили, додека меѓу 12-те повредени има четворица полицајци, кои се наоѓале на контролниот пункт во близина на местото на експлозијата.
Хусанија се наоѓа на 25 километри источно од центарот на Багдад. Верското насилство во Ирак ескалираше на 23 април, кога силите за безбедност се обидоа да спроведат апсења на сунитските демонстранти во северниот град Хавиџа.
Во судирите, кои избувнаа се убиени 23 лица, од кои тројца војници.