Полициска акција за недозволена трговија со икони и артефакти, приведени 15-тина лица

Од:

Министерството за внатрешни работи спроведува голема акција против недозволена трговија со културно-историското наследство, при што се приведени 15-тина лица.

Како што потврдуваат од МВР, меѓу приведените две лица се вработени во Управата за заштита на културното богатство. Апсења се спроведуваат низ повеќе градови во земјава, но главно во Скопје и во Кавадарци.

Според првичните информации, во домовите на приведените пронајдени се поголем број артефакти и икони.

Од МВР најавуваат повеќе информации во текот на денот.

Би можело да ве интересира

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он