Најмалку две експлозии ја потресоа денеска воената база во јужното предградие на Багдад, соопшти ирачката армија, без да даде други детали.
Безбедносни извори велат дека се слушнале неколку експлозии и дека погодената воена база се користи како складиште за муниција за ирачката полиција и паравоени формации.