Кошаркарите на Денвер со одличната игра во првото полувреме го добија натпреварот против Голден Стејт на домашен терен и ја намалија предноста на ривалот на 3-2 во победи.
Најдобар играч на натпреварот беше Андре Игудала со 25 поени и 12 скокови.
Победа на гостински терен за водство од 3-2 постигна Мемфис на гостувањето кај Лос Анџелес Клиперс.
Најзаслужен за тоа беше Зек Рендолф со 25 поени, додека кај поразената екипа Крис Пол реализираше 35 поени.
Резултати на ноќешните натпревари од 1.коло во НБА плеј-офот: Лос Анџелес Клиперс – Мемфис 93:103 (2-3 победи) и Денвер – Голден Стејт 107:100 (2-3).
Вечерва играат: Њујорк – Бостон (3-1), Индијана – Атланта (2-2) и Оклахома Сити – Хјустон (3-1).