Обама повторно бара да се затвори Гвантанамо

Од:

Претседателот на САД, Барак Обама денес најави нова иницијатива за затворање на затворот Гвантанамо на Куба, каде што во моментов повеќе од 100, од вкупно 166 затвореници протестираат со глад.

На прашањето како го коментира штрајкот и принудното хранење на затворениците, Обама изјави дека и понатаму се прави се за да не почине некој затвореник.

Тој нагласи дека повеќегодишното држање на затворениците без судење, дури и без обвиненија е спротивно на интересите на Америка и мора да запре таа пракса.

Обама истакна дека Белата куќа уште еднаш ќе разгледа што може да направи за тоа, а апелираше членовите на Конгресот конечно да почнат да бараат начин Гвантанамо да биде затворен.

Во кампањата за претседателските избори во 2008 година, претседателот на САД вети дека бргу ќе го затвори затворот на Куба, но Конгресот ја отфрли неговата иницијатива.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа