Измамен кумановец за огревно дрво

Од:

Полицијата повторно бележи пријави од граѓани измамени за пари за огревно дрво и за сообраќајни несреќи што не се случиле.

Во Полициската станица Куманово, вчера во 11.50 часот 66-годишен маж од Куманово пријавил дека на 22 јули бил измамен од човек кој дошол во неговиот дом и го прашал дали има потреба од огревно дрво. Се договориле да купи шест кубни метри за цена од 2.900 денари за метар кубен.

Според оштетениот, додека оделе да ги видат дрвата, тој му дал 10.000 денари по што измамникот заминал на друга улица и му кажал да дојде по главниот пат.

-Според пријавата, откако не го нашол камионот и откако никој не донел дрва кај него, сфатил дека бил измамен, соопшти МВР, информирајќи дека ги расчистува случаите.

Би можело да ве интересира

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма