Германија: Одлуката на Ердоган за Аја Софија нема да помогне во преговорите на Турција со ЕУ

Од:

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас денеска ја критикуваше контроверзната одлука Аја Софија во Истанбул од музеј да се претвори во џамија, порачувајќи преку германските медиуми дека потегот не дава „придонес кон меѓународното разбирање“, јави ДПА.

-Тоа е одлука што не можеме да ја сфатиме, рече министерот, додавајќи дека уникатниот споменик е место на светското културно наследство со „значење далеку поголемо од Турција“.

Илјадници муслимански верници денеска се собраа на првата молитва, откако музејот беше пренаменет во џамија со контроверзниот декрет на претседателот Реџеп Таип Ердоган, појасни ДПА.

Одлуката за враќање на Света Софија во џамија нема да помогне во дијалогот меѓу ЕУ и Турција, рече Мас, кој исто така посочи дека УНЕСКО сега ќе го разгледа статусот на споменикот како светското културно наследство.

-Но, се надевам дека во блиска иднина работите ќе се развиваат на таков начин што неговиот статус нема да биде загрозен, додаде Мас, пренесен од германската агенција.

Света Софија е изградена од византискиот император Јустинијан Први во 537 година како најголема црква во христијанскиот свет.

Таа била претворена во џамија по османлиското освојување на Цариград, денешен Истанбул, во 1453 година од страна на султанот Мехмет Втори, попознат како Освојувачот.

Статусот од џамија во музеј бил сменет со указот од 1934 година на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на модерната турска република.

 

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда