ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје во април годинава стана член на СОС Детското село и се приклучи кон акцијата за редовно месечно донирање со цел обезбедување континуирана поддршка на децата и младите без родителска грижа, но и оние во социјален ризик за кои СОС семејство се грижи 19 години.
Во Дирекцијата на претпријатието и во Сервисниот Центар во Бутел, како што информираат во соопштение, се поставени и касички за донација, каде корисниците, посетителите и граѓаните можат да донираат.
Според директорот на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Душко Весковски, на овој начин се менува перцепцијата кон делување на јавните претпријатија и институции во однос на општествената одговорност.
-Чест и задоволство е да си член на едно големо семејство, како СОС Детско село. Започнавме само со една позитивна мисла, да ја поддржиме иницијативата за донирање средства за децата и младите без родителска грижа и оние во социјален ризик згрижени во СОС Детско село, а како што велат оттаму досега се донирани 374.944,00 убави мисли, преку повикот упатен до нашите корисници. Јас сум навистина среќен и задоволен што со промените кои ги правиме успеваме да допреме до граѓаните, што тие можат да ја препознаат нашата заложба за делување во заедницата и што даваат позитивен одговор на тоа. Оттука, ги повикувам сите компании, институции, претпријатија и поединци да го следат нашиот пример, бидејќи убаво е да си прв, но никој не треба да биде сам, истакна Весковски.
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ја отвора и можноста за онлајн донации преку својата веб-страна www.vodovod-skopje.com.mk каде има можност за директно поврзување со линкот за онлајн донации на СОС Детско село https://sos.org.mk/sos-