Иџе повторно на тркачките патеки

Од:

Македонскиот автомобилски шампион на меѓународните трки, Игор Стефановски Иџе, влегува во сезоната на ТЦР натпреварувањето на Источна Европа. Овој викенд, тој ќе вози на автодромот Гробник. В сабота 25 јули се квалификациите, а во недела ќе се возат двете трки.

По паузата од коронавирусот, ТЦР натпреварувањето Источна Европа го активира тркачкиот календар. Воведното тркачно коло од оваа сезона ќе се случува викендов на автодромот Гробник во Хрватска. Прелиминарниот список веќе е достапен и ја потврдува големата популарност на ова натпреварување.

Списокот на возачи е мошне интересен. Тука е актуелниот шампион во ова натпреварување, Милован Весниќ, неговиот најголем ривал Јаким Гали и Душан Кушил Јуниор, кој заврши на третото место минатата сезона. Покрај нив, тука се и дуото на Фулинерс Академијата- Керол Витке и Петр Чек, потоа Жарко Кнего со Радим Адимек. Во улога на дебитанти во ова натпреварување се Душан Борковиќ и нашиот Игор Стефановски Иџе.

„Со силна возбуда можам да споделам дека се враќам на тркачките патеки годинава, како што и најавив претходно. Во моментов заедно со мојот тим сме во Хрватска, каде викендов не очекува тркатата на автодромот Гробник. Ќе се натпреварувам со фантастични возачи, вкупно 17. Со голем дел од нив сум голем пријател. Меѓу нив се Душан Борковиќ и Милован Микица Весниќ. Едвај чекам сезоната да започне, за да можам на тркачката патека да се сретнам со сите пријатели, со кои вообичаено ги делиме тркачките предизвици“, вели Стефановски.

„Автомобилскиот ас Весниќ беше дел од мојот тим, кога возев на трката во Имола.Тој во оваа сезона на ТЦР Источна Европа, влегува како бранител на титулата. Борковиќ пак е двократен европски шампион. И тој е искусен возач, кој ќе се натпреварува во целокупната сезона на ТЦР Источна Европа 2020. Душан беше шампионот на ЕТЦЦ во 2015 година, а на овој шампионат ќе ги брани боите на М1РА Расинг. Душан беше и дел од WTCC шампионатот во минатото. Ќе биде многу интересно“, открива Стефановски.

Тој додава дека меѓу возачите се наоѓа и неговиот ривал од ЕТЦЦ шампионатот 2017, Петар Фулин.

„Убеден сум дека ова натпреварување ќе биде посебно. Особено поради целата оваа ситуација, пред која сме исправени сите. Заради самата ситуација, нема голем простор за грешки, поради што верувам дека сите ќе бидат максимално фокусирани на постигнувањето најдобри резултати. Јас и мојата екипа сме подготвени и најавувам дека викендов ќе дадеме се’ од себе, за да ја направиме нашата земја и моите поддржувачи горди. Оваа трка, практично ќе биде вовед во трката која ќе се случува првиот викенд од август. Станува збор за ТЦР Италија, кое пак важи за главно натпреварување за оваа година“, вели Стефановски.

В сабота 25 јули се квалификациите, а во недела 26 ќе се возат двете трки.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пандев, Лазаров и Стефановски веќе нема да рекламираат игри на среќа

Катерина Ѓуровски

Игор Стефановски-Иџе во партнерство со „Макпетрол“ до врвни резултати на европските авто-трки

Стефановски остана без пласман на денешната трка во Имола

Ана Ололовска

ВИДЕО: Стефановски со своето „Хјундаи“ удри во заштитната ограда и остана без пласман

Ана Ололовска

Стефановски четвртопласиран во Монца

Ана Ололовска

Стефановски победи на „Валелунга“ во трка од ТЦР шампионатот

Ана Ололовска