Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја освои осмата титула во Барселона, а на мечот веројатно го одигра и најубавиот удар на турнирот.
При водство на Алмагро од 30:0, Рафаел успеа да го врати топчето низ нозе, а потоа и да го освои поенот.
Се испостави дека тоа можеби беше и клучниот момент. Надал освои три поени во низа, а потоа и сетот. Продолжението на мечот беше значително полесен, па крајниот резултата беше 6:4, 6:3.