Возач на камион повреден при судар со воз

Од:

На железничкиот премин Превалец на пругата Велес-Битола утринава се случи несреќа во која е повредено едно лице.

Несреќата се случила во 7:05 минути кога камион удрил во воз кој се движел од Битола кон Скопје при што со повреди се здобил возачот на камионот.

До несреќата, како што информираат од Македонски железници Инфраструктура, дошло поради непочитување на сигнализацијата на патниот правец.

– Во моментот на незгодата сигнално-сигурносниот уред за осигурување на патниот премин со светлосна и звучна сигнализација работел стабилно, што е потврдено и од Комисијата за иследување на вонредни настани од ЈП МЖ Инфраструктура, која излезе на лице место веднаш по инцидентот. Тоа наведува до сознание дека до инцидентот дошло поради непочитување на сигнализацијата на патниот премин, од засега неразјаснети причини од страна на возачот на камионот, заради што и практично патното возило удрило во првата кола од дизел моторната гарнитура, се вели во соопштението од МЖ Инфраструктура.

Имајќи предвид дека неколкупати досега вакви несреќи се случуваат на овој правец поради непочитување на поставената сигнализација, од МЖ Инфраструктура најавуваат враќање на старите механички рампи.

На пругите во Македонија постојат 288 патни премини. Од нив, 203 се обезбедени само со друмска сигнализација, а преостанатите 85 патни премини, меѓу кои спаѓа и патниот премин Превалец, се осигурани со сигнално-сигурносни уреди.

Би можело да ве интересира

Три девојки се тешко повредени во сообраќајка на автопатот Скопје-Велес

Несреќа во Германија: Едно дете загина, две се тешко повредени во сообраќајка

Четворица загинати и петмина повредени во судир на воз и училиштен автобус во Белгија

А1он

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски

Сопатник на мотор по улица влечеше 12-годишно дете

Горан Наумовски

Определен притвор од 30 дена за возачот на камион кој удри во патничко возило и усмрти четворица

Предраг Петровиќ