Нетанјаху: Иран се уште не ја премина „црвената линија“

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, изјави дека Иран се приближува кон способноста да направи нуклеарно оружје, но дека се уште не стигнал до „црвената линија“, која тој ја одреди во говорот во Обединетите нации во септември минатата година.

Тој на својата конзервативна партија „Ликуд“ и нагласи дека Иран систематски се приближува кон развојот на оружје за масовно уништување, но дека се уште не ја поминал таа точка.

Израелските лидери сметаат дека вооружувањето на Иран со атомска бомба ќе претставува закана за егзистенција на еврејските држави, поради повторениот повик на иранскиот претседател Махмуд Ахметинеџан за бришење на Ираел од светската карта.

Нетанјаху повеќе пати ја најави подготвеноста на Израел да го нападне Иран унилатерално, доколку со меѓународниот притисок не запре развојот на иранската нуклеарна програма.

Во говорот на годишното заседание во Генералното собрание на ОН, Нетанјаху рече дека меѓународната заедница има време само до оваа лето да го сопре Иран на патот до бомбата.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Во израелскиот напад на училиште во Газа загинаа 16 лица, меѓу кои 4 деца

ИДФ: Четворица израелски војници убиени, шест ранети во јужен Либан

Блинкен: САД не сакаат операциите на Израел во Либан да станат долготрајна кампања

Германија: Одобрено е ново оружје за Израел

Горан Наумовски

Видео од куќата на Нетанјаху објавено по напад со беспилотно летало, не се знае како затаи одбраната

(ВИДЕО) Израелците го нападнаа либанскиот град Тир