Кошаркарите на Хјустон ја постигнаа првата победа во разигрувањето за титулата во НБА лигата и со тоа избегнаа пораз од 4-0 на стартот од плеј-офот.
Најзаслужен за победата беше Чендлер Персонс, кој постигна 27 поени, со 10 скокови и 8 асистенции.
Решавачката предност Хјустон на направи во третиот период кој го доби со 38:24. Во финишот на натпреварот откако играчите на Оклахома Сити намалија на 105:103, двете екипи не реализираа за промена на резултатот.
Најефикасен на натпреварот беше Кевин Дјурант со 38 поени.
Резултати на ноќешните натпревари од 1.коло во НБА плеј-офот: Бруклин – Чикаго 110:91 (2-3 во победи), Атланта – Индијана 102:91 (2-2) и Хјустон – Оклахома Сити 105:103 (1-3).
Вечерва се играат дуелите: Денвер – Голден Стејт (1-3) и Лос Анџелес Клиперс – Мемфис (2-2).