Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Јелко Кацин во Подгорица изјави дека Црна Гора не треба да се изненади доколку Србија претрка во преговорите за членство во Европската унија за поглавијата 23 и 24, кои се однесуваат на областа владеење на правото.
Тој истакна дека во Србија постои координирана борба против организираниот криминал.
– Во Србија резултатите се очигледни, а јавната поддршка за борбата против корупцијата е се поголема. Со тоа собраа толкумногу поени, па подоцна можеа да го потпишат договорот со Приштина, истакна Кацин.
Тој посочи дека Црна Гора за соработката со рускиот олихарх Олег Дерипаска „плати висока цена“.
Кацин потенцира дека без борбата против корупцијата нема инвестиции од ЕУ.