Првата книга со рецензии на англиски јазик за современа македонска музика, кои воедно се објавени во реномираниот светски медиум „Ол абаут џез“ (All About Jazz) на авторот Ненад Георгиевски, е насловена Press & Play и таа денеска во 19 часот ќе биде промовирана онлајн преку фејсбук-страницата „Литература.мк“.
Модератор на онлајн промоцијата ќе биде музичката новинарка Бранка Костиќ-Марковиќ, а покрај авторот Георгиевски, свој осврт на делото ќе дадат и уредникот Милан Дамјаноски и Оливер Јосифовски од групата „Љубојна“.
Прес енд плеј (Press & Play) е составена од рецензии на албуми, на концерти и фестивалски настапи на изведувачи меѓу кои: Влатко Стефановски, „Леб и сол“, Кирил Џајковски, „Фолтин“, Џијан Емин, Ади Имери, Гоце Стефковски, Џон Аплелгрин, Зоран Маџиров, „Анастасија“, „Чалгија Саунд Систем“, „Проект Жлуст“, „Скопскиот џез фестивал“, „Офф-фест“ и други.