Хуманитарниот тениски меч, помеѓу најдобрите тенисери на светот, Ѓоковиќ и Надал, сепак нема да се одигра на 14. јули на стадионот во Мадрид.
Причината за откажувањето на мечот е повредата на колената на Надал, поради која ќе мора да мирува се до Олимписките игри во Лондон.
Се испостави дека поразот од Росол на Вимболдно не бил случаен, затоа што подоцна на медицинскиот преглед е утврдено дека му е обновена старата повреда на Надал.
„По прегледот е утврдено дека морам да мирувам 15 дена, кога би започнал со процесот за опоравување до Лондон. Сакам да се извинам на сите, затоа што мораше да дојде до ова, но и да му се заблагодарам на Новак Ѓоковиќ што несебично сакаше да учествува во овој настан“, изјави Надал.