Протести во Израел, се бара оставка од Нетанјаху

Од:

Израелската полиција употреби водени топови во Ерусалим и солзавец во Тел Авив за да ги растера демонстрантите кои се незадоволни од економската криза во земјата поради пандемијата на коронавирус и бараат оставка од премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Стотици граѓани се собраа во Ерусалим пред резиденцијата на Нетанјаху, а потоа излегоа по улиците, каде што полицијата употреби водени топови.

„Најмалку две лица се уапсени“, соопшти полицијата.

Во исто време, илјадници луѓе во Тел Авив побараа државна помош за компаниите загрозени од економската криза предизвикана од епидемијата на Ковид-19.

Израелската Телевизија Решет објави дека полицијата во Тел Авив употребила солзавец против демонстрантите, како и дека имало мали судири со полицијата.

Полицијата соопшти дека на овој протест немало апсења.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хаос при предавањето на заложниците во Газа, Израел го одложи ослободувањето на затворениците

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хамас ослободи осуммина заложници

Катерина Ѓуровски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Хамас утре ќе ослободи тројца израелски заложници

ВИДЕО: Раселените Палестинци масовно се враќаат во домовите на северот на Газа

ВИДЕО: Израелските затворенички му се заблагодарија на Хамас за добриот третман

А1он