За време на кампањата Владата ги „пружила нозете повеќе од чергата“

Од:

Владата потрошила 78,5 милиони евра повеќе отколку што имало во државната каса во март за време на предизборната кампања, објави „Капитал“, повикувајќи се на најновите податоци на Министерството за финансии.

Буџетскиот дефицит во првите три месеци од годината достигна 185,7 милиони евра, што е 64,5% од планираниот дефицит за цела година.

Во март, најмногу се зголемиле тековните трошоци на Владата, евидентирани во ставката други трансфери, што ги вклучува субвенциите што се исплаќаат од државниот Буџет.

„Економистите коментираат дека ова е загрижувачко темпо на трошење на Владата и доколку се земе предвид дека и приходите во март исто така се пониски споредено со истиот месец лани, велат дека нема да ги изненади ако министерот за финансии многу брзо побара да се направи ребаланс на Буџетот.
Буџетскиот дефицит се финансира со заемот од 250 милиони евра што го зема Владата пд Deutsche bank а за кој гарантираше Светска банка, но и со редовно издавање на државни записи“, пишува „Капитал“.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски