Кинеска делегација во посета на Дирекцијата за ТИРЗ

Од:

На 28.04.2013 година во организација на групацијата М6, 20-члена делегација од провинцијата Sichuan, Н.Р. Кина оствари работна посета на Технолошко-индустрискате развојни зони Скопје 1 и 2.

Делегацијата ја предводеше Yan Tongming, претседател на Бордот на Chengdu Tanghu Investment Holdings и претседател на Business School Alumni Association of Sichuan University која обединува преку 58.000 бизнисмени од провинцијата Sichuan во Н.Р. Кина.

Останатите членови на делегацијата беа претставници на едни од најголемите компании од кинеската провинција Sichuan од областа на недвижностите, градежништвото, образованието, инвестициските фондови, машинската, винската, дрвната и други индустрии. Делегацијата ја придружуваше и амбасадорот на Н.Р. Кина во Република Македонија, Cui Zhiwei.

Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо одржа презентација пред присутните при што ги претстави бизнис климата и можностите за инвестирање во Република Македонија, со посебен акцент на инвестициите во недвижностите, туристичките развојни зони, индустријата, рударството и слободните економски зони при што беа претставени повеќе конкретни проекти.

Во рамките на работната посета членовите на делегацијата имаа прилика директно да се запознаат со тековните активности и процедурите на функционирање на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони како и со компаниите кои оперираат во слободните економски зони Скопје 1 и 2.

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

Самир Мане – првиот милијардер од Западен Балкан на листата на Forbes

Предраг Петровиќ

Голема наградна игра “Стани милионер со УНИБанка!”

Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Предраг Петровиќ

Средба Бежоска − Шиаочин Ју: Светската банка изрази задоволство од напорите на Народната банка за членството на земјава во СЕПА

Со името на Коста Шапков, првиот пациент во Жан Митрев, почна да се испишува и историјата на клиниката