Во сообраќајка на патот Градско-Прилеп повреден тракорист и двајца сопатници

Од:

Возач на трактор и две лица сопатници на возраст од 18 и 17 години се поврдени во сообраќајка која се случила вчера на патот Градско-Прилеп.

Од МВР соопштија дека во 20:40 часот било пријавено дека се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор „ИМТ“ без регистарски ознаки, управуван од Д.М.(31) од Прилеп и товарно возило „фиат дукато“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.К.(48) од Прилеп.

-Во незгодата, возачот на тракторот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобиле сопатникот Х.М.(18) и уште еден сопатник на возраст од 17 години, констатирани во Градската болница Прилеп, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош, се истакнува во полицискиот билтен.

Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски