Автомобил со кој се превезувал гласачки материјал се запалил на автопат

Од:

Автомобил со кој се превезувал гласачки материјал се запалил во движење. Настанот се случил рано утринава, на автопатот Гостивар-Скопје.

Од МВР велат дека гласачкиот материјал не е оштетен и истиот безбедно е доставен до Државната изборна комисија.

„Настанот се случил околу 4:30. Во СВР Тетово е пријавено дека моторно возило ‘Форд транзит’ со гостиварски ознаки, управуван од 35 годишен гостиварчанец, во непосредна близина на наплатната станица во Тетово се запалило во движење. Внатре се наоѓале пет членови на општинската изборна комисија во Гостивар кој го носеле избирачкиот материјал во Скопје. Тој не е оштетен. Повикано е друго возило во кое е префрлен и пренесен во Државната изборна комисија“, велат од МВР.

Засега не се утврдени причините за пожарот.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР