Египетските власти со најава за изградба на три тунели под Суецкиот канал во вредност од околу 700 милиони долари

Од:

Египет објави синоќа планови за изградба на три тунели под Суецкиот канал во вредност од околу 700 милиони долари. Владата потпишала договор со Шпанија која ќе овозможи инженерско-техничка помош, јавуваат локални медиуми.

Во моментот Египет има само еден тунел за автомобили изграден во почетокот на ’80 години од минатиот век.

Владата разработува план за развој на регионот и претворање во голема економска зона која ќе овозможи зголемување на приходите на државата со 100 милијарди долари годишно.

Според проектот ќе бидат изградени уште два автомобилски тунела – во регионот на Порт Саид и до Исмаилија, како и тунел за железница во реонот на Суец. Владата ветува дека првиот тунел ќе биде пуштен во употреба по три години.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски