Претседателот на САД Барак Обама денеска ќе го номинира градоначалникот на Шарлот во државата Северна Каролина, Ентони Фокс за министер за транспорт. Тоа го изјави претставник на Белата куќа.
Ако биде одобрена неговата номинација, Фокс кој е афроамериканец ќе го замени на функцијата Реј Лахуд кој беше шеф на Министерството од 2009 година.