Ѓоковиќ: Едвај чекам да играм против Федерер

Од:

По победата над Мајер, Новак Ѓоковиќ изјави дека се радува поради претстоечкиот полуфинален меч на Вимболдон против Роџер Федерер.

Иако до сега имаат играно 26 пати, никогаш претходно се немаат сретнато на Вимболдон.

„Едвај го чекам тој полуфинален меч. Секогаш ми е задоволство кога играм против него. Роџер е навистина голем шампион. На сите Грен Слемови има одлични резултати“, изјави Новак по четвртфиналниот дуел со Мајер.

Швајцарецот во меѓусебниот скор моментално води со 14-12, но Новак има победено во шест од последните седум мечеви.

Ѓоковиќ во полуфиналето ќе го брани и првото место на АТП листата, затоа што ако Федерер го освои Вимболдно ќе се врати на врвот.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех