Театарска претстава „Нови мерки, старо другарство” беше изведена во градскиот парк во Кавадарци

Од:

Театарската претстава „Нови мерки, старо другарство” синоќа на беше изведена во градскиот парк „Љупчо Шкартов” во Кавадарци, а беше наменета за деца и млади од 5 до 16 години.

Ова беше всушност прв настан на Културно социјалниот простор Подиум – Јадро Кавадарци.

– Задоволни сме што се помина во најдобар ред, со едукација и интеракција со најмладите за тоа во каква ситуација моментално се наоѓа целиот свет и нашето другарување. Актерите и децата набројуваа и смислуваа нови игри на дружење поради оваа пандемија. На присутни поединци во публиката кои немаа заштитни маски, им беа поделени од страна на организаторите. Актерите со своите улоги им порачаа на најмладите да не се откажат од другарувањето, бидејќи тоа е најважно, да се расте заедно, да се другарува и да се чуваме едни со други, а исто така да го чуваме нашето здравје и здравјето на нашата фамилија, браќа,сестри,баби, рече уметницата Симона Манчева, како претставник на организаторот.

Настанот е дел од проектот „Учествуваме, застапуваме, менуваме – демократизација и децентрализација на јавните простори и јавните добра, преку нов модел на институција на јавно-цивилно партнерство 0.2“, на Јадро – Асоцијација на независната културна сцена, поддржан од Министерството за култура.

КСП Подиум – Јадро од Кавадарци е формиран во декември 2019 година. Манчева појасни дека тоа е хибридна установа од областа на културата, основана преку јавно-цивилно партнерство меѓу општина Кавадарци и Јадро – Асоцијација на независна културна сцена. Се работи за втора установа од ваков вид во државата, после КЦП Центар–Јадро од Скопје, основана во соработка со Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“