САД ќе почнат да издаваат визи „во најскоро време“, соопшти Стејт департментот

Од:

Американските амбасади и конзуларни претставништва ќе го обноват издавањето визи во најскоро време, соопшти денеска Стејт департментот, но не прецизира точно од кога.

Издавањето визи беше прекинато поради пандемијата со Ковид-19, a за обновувањето на овој процес ќе одлучува индивидуално американската амбасада и конзулат во секоја земја.

Секоја мисија ќе ги обнови нормалните конзуларни услуги во индивидуален поредок и согласно рамковната програма „Силна демократија“ за безбедно враќање на нашиот персонал во објектите на Департментот, изјави денеска за Еј-би-си претставник на Стејт департментот.

Тој додаде дека државниот орган „не може да укаже на конкретен датум кога секоја од мисиите може да ги обнови конзуларните услуги“ и посочи дека најдобро е оваа информација да се бара на веб-сајтот на конкретната амбасада или конзулат.

Откако државниот секретар Мајк Помпео во март им дозволи на повеќето вработени во американските амбасади и конзулати низ светот да се вратат дома, многу дипломатски претставништва имаат недостиг од вработени и се принудени да се снаоѓаат со повторното издавање визи во тешки услови, пишуваат американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија