Повторно се затвора Дизниленд во Хонгконг

Од:

Забавниот парк „Дизниленд“ во Хонгконг повторно ќе биде времено затворен, откако беше вратена на сила забраната за јавни собири на повеќе од четири лица.

Властите вчера објавија нови мерки за заштита од коронавирусот, поради стравувањата од трет бран на епидемијата во градот. Рекреативниот парк ќе биде затворен утре, на неопределено време, но хотелите во рамки на комплексот ќе продолжат да работат под променети услови.

Дизниленд во Хонгконг беше затворен во јануари поради корона-пандемијата, а беше отворен минатиот месец, откако се намали бројот на заразени лица.

Според најновите податоци, 1.522 луѓе се заразени во градот од почетокот на пандемијата, а осум лица починале од Ковид-19.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Посетителите вриштеа во Дизниленд: Се запали змејот кој блуе оган

Предраг Петровиќ

Отворање на „Дизниленд“ од 30 април, но само за граѓаните на Калифорнија

Ана Ололовска

Можно отворање на Дизниленд до крајот на април

Ана Ололовска

„Дизни“ отпушта 32.000 вработени поради коронавирусот

Ана Ололовска

„Дизни“ откажа две големи кинопремиери

Ана Ололовска

„Дизни“ укинува 28.000 работни места

Ана Ололовска